HondaJet Elite S вклучи голем број на подобрувања, кои го прошируаат оперативниот капацитет и го подобруваат летот. Со зголемување на максималната маса за полетување за 90,7 килограми, сега е во состојба да патува 222 километри повеќе при поголеми оптоварувања или да земе дополнителен патник.
Покрај тоа FAA Data Comm и ACARS ги заменуваат традиционалните гласовни команди со текстовни соопштенија за да се подобри јасноста и ефективноста на комуникациите. Заедно со неодамна воведениот систем ASAS за подобрување на управувањето, Elite S дополнително го намалува работното оптоварување на пилотот и ја зголемува безбедноста.
Профилната линија на HondaJet е подигната до следното ниво и со новата верзија на бизнис авионот на преден план излегуваат еклузивните шеми на бои за за трупот како сивата металик Gunmetal, златната Luxe Gold и сината Deep Sea Blue. Овие опции се дополнети и од натписот на новото лого Elite S, со здебелена црвена последна буква и дополнителни можности за персонализација на опремата според боите на трупот.
За време на претставувањетона HondaJet Elite S, одделот за авиони на брендот исто така покажа и експонат на новиот модел, изработен во специјални бои. Нивниот избор демонстрира долгорочна ангажираност на компанијата за истражување и развој на водечки технологии со цел реализирањето на нови можности и да се понудат нови вредни решенија од областа на бизнис авијацијата.
Од претставувањето во 2018 година, HondaJet Elite ги постигна најдобрите перформанси во класата, а во исто време стана и најекономичниот. Сега со новиот Elite S се прави чекор напред во надградувњето на карактеристиките на авионот“, вели Мичимаза Фуџино, претседател на Honda Aircraft Company.
HondaJet Elite S ги има сите технички достигнувања на одделот за авиони на Honda, вклучивајќи го и надмоќниот држач на моторот, монтиран над крилото (Over-The-Wing Engine Mount – OTWEM), труп, нос и крило со приорен ламинарен проток (NLF – Natural Laminar Flow), композитни материјали за трупот и исклучително персонализирани авиокабини. Благодарение на сето ова, леталото продолжува да води според економичноста во класата.
HondaJet Elite S има комплетно опремена галија, индивидуален тоалет со дополнителна опција за прицврстување на седиштето и е опремен со првиот звучен систем во светот, Bongiovi. Со исклучително ергономичниот кокпит и специјално прилагодената кон авионската навигација Garmin® G3000 авионот се крева до нови висини на безбесноста и интервејсот човек-машина.
Авионскиот оддел на брендот, Honda Aircraft Company, е создаден во 2006 година, а централата се наоѓа во седиштето во Северна Каролина во САД.