Го гаѓаше противникот со браник – доби суспензија од 15 години (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот возач на картинг, Лука Корбери е суспендиран од сите натпреварувања организирани од страна на FIA во наредните 15 години. Ова го потврди FIA, а причината е настан кој се случи во октомври минатата година.

За време на трката во Бреша (Италија) на 23 годишниот Италијанец му отпадна браникот. При тоа тој во нервозна состојба проба да го удри конкурентот Паоло Иполита додека тој возеше на самата патека. Коребри, по завршувањето на трката се обидел и физички да го нападне Иполита.

Овој крајно неферски настан предизвика големо внимание, а наиде и на бројни негативни реакции кој го осудија Коребри. Најголемата казна ја доби од Светската автомобилистичка федерација која минатата недела ја донесе одлуката за суспензија во времетраење од 15 години.

Кога се тепаат картинг возачи (Видео)

“Оваа казна е едно од најсериозните и мораше да биде изречена. Суспензијата на 15 година се изрекува поради тежината на престапот и насилничкото однесување” стои меѓудругото во соопштението во кое се наведува дека суспензијата важи за сите натпреварувања организирани од страна на FIA и ANS.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK