Го бркаше полиција, изгуби контрола, го уништи автомобилот – среќа остана жив (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Улиците на градот Стерлинг Хајтс во Мичиген (САД) пред неколку денови беа место на филмска бркотница повеќу возач на Kia Soul и локалната полиција.

Како што пренесува The Detroit Free Press, до полицијата во Мичиген пристигнало барање за воздушна поддршка на локалната полиција. Целта била да се фати возачот на автомобилот.

Во бркотницата веднаш се приклучи и хеликоптер на телевизијата FOX Detroit од каде камерманот успешно го снимаше и моментот на апсење. Секако претходно следеше и бркотница по повеќе населби во овој град, а полицијата успеа да го фати осомничениот откако истиот изгубил контрола и се заби во дрво.

Возачот чиј идентитет не се соопштува веднаш потоа бил уапсен, а во несреќата и покрај тоа што го уништил возилото, не се здобил со животно загрозувачки повреди.

Инаку во овој град живеат нешто над 125 илјади жители, а значителен број од нив потекнуваат од Ирак, Индија, Италија, Полска, Албанија, но и Македонија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK