Ги надмина прогнозите: Во третиот квартал Tesla испорача 83.500 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Во третиот квартал годинава, американскиот производител нa електрични возила, Tesla, испорача 83.500 возила што е за малку повеќе од прогнозите на аналитичарите, особено оние на Волстрит.

Овие аналитичари, а пред се инвеститорите и потенцијалните инвеститори, останаа без официјален податок околу профитабилноста на компанијата во овој квартал. Во недостаток на детални извештаи околу трошоците за производство и продажните цени, акциите на Tesla забележаа пад од 1.3% и покрај тоа што аналитичарите предвидуваа продажба од не повеќе од 80 илјади возила.

Tesla во периодот јули-септември произведеле вкупно 80.142 возила од кои 26.903 единици се од моделот S и X заедно додека преостанатите 53.239 единици припаѓаат на моделот 3. Вкупната испорака опфаќа 55.840 единици од моделот 3 што е за околу 80% повеќе во однос на целосната испорака минатата година, соопштија од компанијата.

Овие продажни перформанси доаѓаат откако минатата недела комисијата за хартии од вредност поднесе тужба против Илон Маск поради што тој мораше да ја напушти функцијата на претседател на компанијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK