Критиката за водородниот погон во моментов не е сосема неоснована. Производството на водород е премногу енергетски, премногу сложено и премногу скапо. Решение за поставените прашања, притоа невообичаено дава стартап-фирмата од Берлин, Graforce. Таа создаде метод, кој звучи како алхемија за многумина, а извлекува водород од отпадните води.
Јенс Ханке, кој е математичар и основач на фирмата, објаснува: „Обично, водородот се извлекува од чиста вода преку класична електролиза. Ние користиме плазма физика, при која ја разградуваме водата без контакт во нејзините составни елементи“.
Во целата ситуација има нешто интересно, а тоа е колку повеќе јаглеродни и азотни соединенија се содржат во неа, толку подобро бидејќи тоа значи и повеќе водород.
Патент технологијата на Graforce се нарекува плазмализа односно симбиоза од плазма и електролиза. Таа може да се користи за секакви отпадни води односно од инсталации за биогас, за пречистување или за животни. Во системот богатите соединенија со вода се разделуваат со помош на силно електрично поле.
Кислородот и азотот кои се содржат во неа испаруваат во атмосферата додека водородот се меѓа со биогасот и се претвора во таканареен „е-гас“, кој може да се користи во модерни метан автомобили. Последователниот ефект е намалување на штетните емисии на гасови кај автомобилите.
Електричната енерија која е потребна за спроведување на плазмализата е само една третина од енергијата, потребна за електролиза. Според Ханке, цената на водородоте може да падне од 6 до 8 евра во моментов) на 3 евра. Освен тоа отпаѓа и потребниот пред третман за прочистување на водата. Ако електричната енергија се генерира од обновливи извори, процесот станува целосно неутрален во климата.
Graforce веќе има склучено партнерство со Audi, а исто така ќе разjасни колку водорот може да се меша со биогас, без моторот за почне да тресе. Засега е јасно, дека во моментов Audi G-Tron може да користи 20 проценти водород во метанот, без да треба да биде технички преобразен.
Првите автомобили, кои користат безопасна мешавина од биогас и водород веќе се на патиштата.