Германците ја заобиколуваат Русија за транспорт на возила во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Германските премиум производители, вклучувајќи ги и BMW и Audi, решија повеќе да не ја користат руската железничка мрежа за да ги испорачуваат своите автомобили во Кина и Монголија. Ова го објави агенцијата „Никеи“, додавајќи дека сложената геополитичка ситуација ги принудува автомобилските компании да се откажат од постоечката логистика и мрежата што досега ја користеа.

Наместо тоа, автомобилите ќе се испорачуваат само по морски пат, а за првпат се прекинати испораките на премиум моделите на BMW и Audi во Кина. Интересно е што двете марки имаат заеднички вложувања со кинески компании и произведуваат автомобили во земјата, а некои модели се испорачуваат од Европа.

Агенцијата „Никеи“ го дава примерот на BMW, којa има фабрика во Шањан. Од 846.237 автомобили испорачани на кинески клиенти минатата година, околу 700.000 се произведени таму, а останатите се увезени од Европа. И кај Audi соодносот е сличен – во Кина се продадени 701.289 автомобили, од кои 600.000 се локално произведени.

Според агенцијата, железничкиот транспорт е поскап за производителите од поморскиот транспорт, но одзема помалку време и е поеколошки. Оваа опција најчесто ја избираат премиум брендовите. Во 2021 година, на пример, Porsche плаќаше 2-3 воза неделно со нови автомобили за Кина, од кои секој имаше скоро 100 автомобили. Засега, компанијата не ја коментираше можноста да одбие да користи ваков превоз.

Според информациите, германските компании се загрижени дека властите во Русија може да им ја конфискуваат стоката како одговор на санкциите против земјата поради нападот на Украина. И руските логистички компании одбиваат да преземат одговорност за транзитните стоки низ земјата.

Поради оваа причина, производителите на автомобили бараат опции за испораки во Кина. BMW, на пример, се подготвува да користи алтернативни железнички линии кои минуваат низ Балканот, вклучувајќи ја Бугарија и Турција. Сепак, ова сериозно ќе ја зголеми цената на самите автомобили и ќе го зголеми времето на испорака.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK