Германците и Французите не сакаат да возат eлeктрoмoбили

ОБЈАВЕНО НА:

Французите и Германците, сепак, не се согласни со толку раното „нулирање“ и сметаат дека активната борба со емисиите треба да биде поместена барем до 2040 година

Испитувањата кои беа направени покажаа дека не сите жители на земјите од Европската унија сакаат да возат електромобили. Сите не даваат поддршка на стратегијата за целосно напуштање на автомобилите со бензинови и дизел мотори во следните 10-15 години. Германија и Франција беа меѓу најголемите противници на „зелената“ иницијатива.

Плановите за намалување на СО2 предвидуваат до 2030 година штетните емисии да се намалат со 55-65% во споредба со показателите од 1990 година, а иницијаторите сакаат уште до 2035 година да бидат намалени емисиите на штетни честички од автомобилите до нула.

Французите и Германците, сепак, не се согласни со толку раното „нулирање“ и сметаат дека активната борба со емисиите треба да биде поместена барем до 2040 година. Во интервјуто дадено за ДПА, германскиот министер за транспорт, Андреас Шојер даде изјава дека предложената временска линија е практично неостварлива.

Во Франција, иако во принцип се согласуваат со 55% намалување на штетните емисии до 2030 година тие веруваат дека хибридните модели треба да останат подолго на пазарот. Сепак, Французите се многу позагрижени од фактот дека изоставувањето на мотори со внатрешно согорување може да доведе до огромна загуба на работните места.

Производството на електрични превозни средства е полесно, до 2035 година во Франција може да има околу 100.000 невработени повеќе. Во таква ситуација ќе бидат потребни и значително поголеми инвестиции од државата, а се споменува сума од околу 17,5 милијарди евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK