Германците ги одбраа петте возила со најмалку дефекти за 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Германската асоцијација за контрола на квалитетот (TUV) ги одбра петте автомобили кои не се постари од десет години, кои предизвикуваат најмалку дефекти. Рангирањето е направено врз база на информација од дилерите од Германија за бројот на дефекти на соодветниот модел.

На петтата позиција е најпопуарниот автомобил на планетата , Toyota Corolla, а за проблеми кај него информираат 19 проценти од сопствениците. Малку пред него со 18 проценти е Ford Fusion, кој е на 4. место.

Третата позиција е за Mazda 2 со резултат од 16%, додека место погоре е друг јапонски модел, Toyota Corolla Verso, кај кој дефектите се забележани кај 15 проценти од возилата.

На врвот на рангирањето на TUV 2018 за возилата со најмал број на дефекти одново е Porsche 911. Кај последната генерација на моделот се откриени проблеми кај само 10 проценти од автомобилите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK