Германските производители на автомобили под истрага од ЕУ

ОБЈАВЕНО НА:

Европската унија покрена истрага против големите германски производители порaди технологијата против загадување на воздухот, три години после аферата „Дизелгејт“. Информациите кои ги објавуваат од Европската унија велат дека под истрага се BMW, Daimler и Volkswagen.

Овие компании се осомничени дека се договориле да не си прават конкуренција едни на други во погледна развојот и вградувањето на системот против загадување за моторите кои корстат бензин и дизел.

Истрагата е покрената три години откако во САД беше откриено дека Volkswagen вградувал нелегален софтвер во своите возила за да ја прикрие вистинската количина на штетните гасови. Новиот случај кој е покренат од страна на Европската комисија е фокусиран на развојот на современите контролни системи за смалување на загадувањето, првенствно емисија на азот оксид и други ситни честички.

Комисијата соопшти дека истрагата е заснована на докази за состаноци и договори на групата која е наречена „круг од пет члена“. Во неа се BMW, Daimler, Volkswagen, Audi и Porsche.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK