Германија со 2,7% зголемување на продажбата на нови автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

По неколкуте падови на продажбата во низа, пред се поради новите WLTP процедури кои негативно влијаеа врз дизел возилата, продажбата на нови автомобили во февруари забележа зголемување од 2.7% во однос на истиот месец минатата година.

Така според официјални податоци објавени од страна на KBA, изминатиот месец во Германија биле регистрирани 268,867 нови автомобили.

Процентуално најголем пораст забележа Tesla со пораст на продажбата од 416,4%. Веднаш зад американскиот производител со 33,7% односно 32,1% се најдоа Volvo и Subaru. Од друга страна најголем процентуален пад од 48,2% забележа Porsche кој е следен од Nissan и Honda.

Најголема продажба и покрај падот од 1,4% забележа Volkswagen и тоа продажба од вкупно 49,965 нови автомобили. На втората позиција со далеку помала продажба се најде Mercedes со продадени 24,380 автомобили додека третата позиција припадна на Audi со продадени 24,050 нови автомобили.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK