Германија прави закон за автономните возила – заштитата на луѓето е на прво место

ОБЈАВЕНО НА:

Заштита на луѓе, наместо на имотот или животните ќе бидат поставените приоритети пред производителите на автономни возила во Германија. Во земјата во средата беа презентирани законски препораки од Министерството за транспорт за т.н. „автономни автомобили“. Тие треба да помогнат во изработка на правната рамка пред на овие возила да им се дозволи масовно користење на патиштата.

Автомобилските гиганти со седиште во Германија, како Volkswagen, Daimler и BMW многу инвестираат во технологијата за автомобили без возачи. Затоа, регулаторите во земјата исто така се обидуваат да развијат правила за тоа како да ги програмираат овие возила и нивна реакција при несреќи. Програмите треба да дадат јасен одговор на изборот помеѓу удирање на велосипедист или забрзување над дозволеното, во име на избегнување судир со него, на пример.

Новите етички упатства се дело на владина комитетот за морал, специјалисти за право и технологија. Според нив, софтверот на автономни автомобили треба да се создаде на таков начин што животот и здравјето на луѓето ќе бидат секогаш на прво место. Ова исто така значи дека ако инцидентот е неизбежен, програмата треба да го избере онаа варијанта каде луѓето најмалку ќе страдаат. Дури и ако тоа значи уништување на имотот или убивање животни на патот.

Во исто време, софтверот не треба да биде во можност да прави избор според возраста, полот или физичката состојба на лицето во инцидентот. Ова, исто така, влијае на дилемите како оној со постара жена и дете кое поминува низ улицата, додека возачот/компјутерот мора да одлучи кој да го спаси.

Министерот за транспорт, Александар Добрин, вели дека комисијата ги составила првите етички правила во светот за автоматско возење. Поминаа неколку месеци откако Германија усвои закон со кој се наведува дека возачот секогаш треба да стои зад воланот за да го преземе автономен автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK