Германија лидер во секторот на електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Германија е убедливо најразвиената земја кога е во прашање производството на електрични автомобили и компоненти за електричните автомобили во Европа.

Во оваа развиена европска земја во моментов има 37 фабрики во кои се произведуваат електрични возила, електрични мотори и други поважни компоненти неопходни за електричните возила.

Убедливо најмногу фабрики, дури 10 поседува Volkswagen Групацијата, а значителен број и Daimler и BMW.

Во земјите од регионот по една фабрика каде се произведува електрично (целосно електрично или парцијално електрично) возила има во Словенија, Романија и Србија, а регионален лидер е Турција со три фабрики.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK