Најавената забрана за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување предизвика дипломатска војна меѓу Германија и Франција, пишува Politico.
Германија и сојузничките земји кои ги поддржуваат автомобилите со мотори со согорување ја зајакнаа својата реторика во врска со европскиот закон кој ќе ги испрати моторите на депониите како дел од историските напори за намалување на емисиите на стакленички гасови од сообраќајот.
По состанокот во Стразбур, клучните министри од таа група земји рекоа дека треба да се променат правилата со кои ќе се забрани продажбата на нови автомобили и комбиња со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, што веќе е прифатено од Европскиот парламент и начелно договорено од земји членки.
„Нема предлог (од Европската комисија) што одговара на она што го очекуваме и затоа се уште не сме ја постигнале целта“, изјави германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг по средбата.
Но, Франција не сака да се предаде.
Париз сигнализираше дека ќе се придржува до планот на ЕУ да постигне нула емисии од новите автомобили и комбиња до 2035 година. Истото го мисли и официјален Мадрид, што значи дека овие две земји, кои се меѓу најголемите производители на автомобили во Европа, се приклучија на групата помали земји кои веќе се обврзаа да ги намалат емисиите на CO2 од патничките возила.
„Подготвени сме да се бориме за тоа бидејќи одложувањето би било грешка во еколошка смисла, а мислам и економска грешка“, изјави францускиот министер за економија Бруно Ле Мер.
Од друга страна е германската влада, која заедно со нејзините сојузници Италија, Полска, Чешка се залага за дупка за да им се дозволи на автомобилите да користат е-горива, синтетичка и малку позелена алтернатива на фосилните горива, што може да се користи во конвенционални мотори со внатрешно согорување.
Германија во сојуз од седум земји против забраната за мотори со внатрешно согорување