Гас и сопирачка во исто време: Што ќе се случи? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Секој возач на автомобил би требало да го знае одговорот на прашањето што се случува со автомобилот доколку се држат педалите за гас и кочница во исто време и тоа во подолг временски период. Како тоа влијае на системот за кочење.

Доколку не сте имале можност досега да се запознаете со ова тогаш е добро да се погледне видеото од експериментот поставен на каналот Garage 54 на Youtube. Целта е да се долови како се уништуваат деловите од колата, а во случајот се работи за задните дискови на Mercedes-Benz 190.

На видеото може да се види кочењето на стариот германски седан од 3:45 до 6:30 минути. Со оглед на тоа што видеото е монтирано очигледно експериментот траело подолго време.

Експериментот завршува без успех иако дисковите се загреваат тие можат да издржат. За сметка на тоа сопирачките се практично растопени, а ова е показател дека чадот во задниот дел од автомобилот не доаѓа секогаш од гумите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK