Фудбалерите на Реал Мадрид ги одбраа новите автомобили – само двајца со електрични

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе долги години фудбалските, но и останатите спортски клубови потпишуваат најразлични спонзорски договори со најразлични производители на автомобили. Голем дел од договорите, особено оние со познатите фудбалски клубови имаат клаузула според која фудбалерите, но и останатиот технички кадар треба да користат автомобили од тој бренд.

Оттука, фудбалерите секоја сезона имаат можност за избор на автомобили од брендот-спонзор на клубот. Така изминатата недела фудбалерите на Реал Мадрид ја имаа таа можност да одбираат нови Audi автомобили.

Најскромен од сите “Кралеви” е Карим Бензема кој го одбра моделот Q5 40 TDI quattro S tronic. A7 Sportback 50 TDI quattro tiptronic одбраа Алваро Одриозола, Лукас Васкез, Марсело и Марко Асенсио. Маријано, Лунин, Родриго, Тибо Куртоа, Дани Карвахал, Начо Фернандез и Иско одбраа Q7 50 TDI quattro tiptronic додека пак моделот Q8 50 TDI quattro tiptronic го одбраа хрваатскиот репрезентативец Лука Модриќ, Едер Милитао, Менди, Тони Крос и Еден Азард.

RS модели одбраа дури четворица. Карлос Касемиро го одбра RS 7 Sportback quattro tiptronic, Валверде RS Q8 quattro tiptronic додека Серхио Рамос и тренерот Зинедин Зидан одбраа RS 6 Avant quattro tiptronic.

Интересно е што само двајца фудбалери, Рафаел Варан и Винициус Јуниор одбраа електрично Audi и тоа моделот e- tron Sportback 55 quattro што покажува дека електричните автомобили и не се толку популарни кај фудбалерите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK