Французите пресекоа: Без продажба на бензински и дизелски мотори до 2040

ОБЈАВЕНО НА:

Планот е дел од амбициите на новиот Француски претседател, Емануел Макрон да ја направи Франција „јаглеродно неутрална“ до 2050 година.

На конференција за заштита на околината, министерот Николас Уло изјавил дека Франција планира да ја заврши продажбата на возилата со бензински и дизелски мотори до 2040 година. Сепак новиот министер не објаснил детално дали тоа значи забрана за продажба и како планира тоа да се изведе.

Новиот министер не објаснил ниту дали ова се однесува и за хибридните возила.
Веста доаѓа само еден ден откако Volvo објави дека веќе не планира да нуди возила што ќе бидат само на мотори со внатрешно согорување, туку хибриди и целосно на електричен погон.

Ваквата одлука ќе значи и поголем акцент на Renault, Peugeot и Citroen, производители каде акции има и државата – да ги присили повеќе да се насочат кој хибриди и електрични возила во иднина.

Во својот говор, министерот изјавил дека целта ќе наметне “тежок” товар на домашните производители на автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK