Ќе купат 26 возила, како дел од процесот на „подмладување и модернизација“ на полициската флота.
Интересна вест доаѓа од Франција каде националната жандармерија во својата флота ќе има и спортски возила како Alpine A110. Министерството за внатрешни работи на земјата објави дека нарачало 26 примероци на A110 Pure, основниот модел во гамата на спортски автомобили на Alpine, како дел од процесот на „подмладување и модернизација“ на полициската флота.
Тој процес значи дека „алпините“ на крајот ќе ги заменат Renault Megane RS кои се користат од 2011 година. И иако двосед A110 не е толку практичен како стариот Renaultsport Megane, би требало да се покаже како корисно возило.
A110 Pure е придвижуван од 1,8-литарски четирицилиндричен мотор со турбополнач кој развива 249 КС и може да забрза до 100 км/ч. за 4,5 секунди и 250 км/ч. максимална брзина. Жандармеријата Не сакала да плати за посилната верзија на A110S која добива дополнителни 40 КС, побрзо забрзува и крајната брзина е поголема.
View this post on Instagram
Ова не е прв пат француската полиција да вози мал спортски Alpine автомобил. Во 60-тите од минатиот век, полицијата го користеше оригиналниот А110, кој беше уште помал. Новите автомобили ќе бидат опремени со полициски светла, сирени и радио опрема.
„Овие возила ќе и овозможат на полицијата да врши интервенции на автопатот, во кои се вклучени автомобили кои го прекршуваат законот а возат со голема брзина, како дел од безбедносните мисии на патиштата или на судската полиција (на пример, трговија со дрога)“, објаснуваат од МВР.
🇫🇷 C’est officiel, Alpine équipera la BRI de la @Gendarmerie d’#AlpineA110.
Nous sommes fiers de contribuer à la modernisation et au rajeunissement de la flotte automobile de la Gendarmerie Nationale, avec une sportive 100% made in France ▶ https://t.co/szF8sfHAfo pic.twitter.com/4yXYobHCPv— Alpine Cars FR (@alpinecarsFR) October 13, 2021
Иако не е бавен автомобил, има многу возила кои можат да ги надминат перформансите на Alpine, а неговото пргаво управување можеби не изгледа најдобро прилагодено за работа на автопат. Но, француските власти генерално сакаат да купуваат француски производи.