Властите во Франција го одбија планот на американскиот производител Ford за затворање на единствената фабрика на Ford во Франција.
Уште пред неколку години се шпекулираше околу затворањето на оваа фабрика, но се до крајот на минатата година немаше потврда од американскиот производител.
За да се затвори фабриката во Бланкфур властите во Франција поставија најразлични услови. Така тие побараа Ford да достават подобра понуда до вработените, а истовремено ја одби понудата на заинтересираната француско-белгијска компанија за преземање на фабриката.
Ford има низа фабрики и технички центри на европско тло. Така покрај оваа во Франција има и уште и на четири локации во Велика Британија, четири во Германија и по една во Белгија, Романија, Шпанија и Русија.