Неочекувано Ferrari ја покажа замената за моделот California T пред почетокот на саемот во Франкфурт, што ќе го носи името Ferrari Porofino. Компанијата ги покажа и првите официјални фотографии од моделот.
Се наведува дека ова ќе биде основен модел на компанијата, и Porofino е снабдне со новиот мотор од 3.9 литри, твин турбо што испорачува 590 КС и 560 Нм. вртежен момент. Тоа му овозможува на супер автомобилот да достигне брзина до 100 км/ч. за 3,5 секунди и да има максимална брзина од 320 км/ч.
Ferrari Portofino е со основни димензии должина – 4586 мм, ширина – 1938 мм и висина – 1318 мм. Од компанијата велат дека V8 моторот сега ги користи новите клипови и конзоли и има редизајниран изглед. Дополнително, постои заден дел на издувот дизајниран за да се отстрани турбо дупката и да се обезбеди добар одговор на притисокот на гаста. Овие промени, во комбинација со новиот систем за издувни гасови и управувањето со варијабилно зајакнување за да се прилагоди вртежниот момент помеѓу брзините, гарантира дека моторот на Portofino е помоќен од California T.
Другите клучни механички модификации во однос на California T вклучуваат имплементација на третата генерација на електронскиот заден диференцијал на Ferrari. Можеби најзначајно од сѐ е употребата на новата алуминиумска шасија.
Од Ferrari коментираат дека во текот на развојот на автомобилот обрнале сериозно внимание на конфигурирање на ентериерот и интегрирале инфо-комуникациски и мултимедијален систем со 10,2 инчен екран, оптимизирана климатизација, седишта со можност за местење во 18 насоки, специјален воздушен дефлектор што го намалува влегувањето на воздухот во кабината со 30 отсто при отворен покрив.
Повеќе за Ferrari Portofino ќе има за време на саемот во Франкфурт на почетокот на следниот месец.