Ако некогаш сте се возеле во Лада веројатно сте забележале недостаток на енергија и слаб одговор на гаста. Зато оваа Лада има два мотор и е поинаква.
Со спојување на два мотори на Лада се добива конфигурација на осум цилиндри и волумен од 2,7 литри. Иако проектот изгледа како да е резултат на некоја шега или кладба, тоа е сосема препознатлив стил на екипата на „Garage54“.
Во тој стил како шлаг на тортата доаѓа огромниот ладилник однапредк, кој е радијатор од дневната соба на еден од членовите на екипата.
Руската осумцилиндрична Лада до „стотка“ оди за околу шест секунди. Најголемиот вртежен момент почнува да се испорачува со 2500 вртежи, а третата брзина е најимпресивна.