Ford создава кросовер базиран на Focus

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на новата генереација на Focus и позитивните импресии на авто вљубениците, Ford планира да ја збогати својата понуда на кросовери со понуда на кросовер базиран токму на новиот Focus.

Медиумите пренесуваат дека новиот SUV ќе го носи името Bronco и и стиот ќе биде градски кросовер со умерени off-road способности. Првично, овој модел ќе биде достапен само на северноамериканскиот пазар, но постои можност да се лансира и во Европа, но под друг назив.

Во однос на техничките карактеристики, овој SUV кој во целост ќе се базира на новиот Focus ќе биде понуден со истата моторизација. Тоа значи дека овој модел ќе биде достапен со еден 1.0 литарски мотор, два 1.5 литарски и еден 2.0 литарски мотор со 6 мануелен и 8 автоматски менувач.

Премиерата на овој модел се очекува да се случи кон крајот на следната и почетокот на 2020 година, а претходно Ford ќе го претстави малиот градски SUV базиран на новата генерација на Fiesta.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK