Ford со рекордни продажби во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот дел на Ford објави дека продажбите на брендот во изминаиот месец на основниот и 20-те европски пазари успеале да стигнат до рекордно ниво за последните 21 година.

Во август во Европа реализацијата на Ford била 87.500 автомобили што претставува зголемување за 5,1% во однос на истиот месец од минатата година и тоа во однос на вкупниот пад во индустријата од над 6%.

Како резултат на нивните перформанси на пазарот во текот на минатиот месец од Ford покажуваат пораст во уделот на пазарот на основните 20 европски пазари од 0,8% до ниво од 7,2%. Од Ford отчитуваат и подобрување на уделот на пазарот на 14 од основните 20 пазари, кои отчитуваат пораст во продажбите во август за 22,1% во Германија и 5,8% во Велика Британија.

Земјите кои се вброени во 20-те од Европа се: Австрија, Белгија, Велика Брианија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија, Романија, Шведска и Швајцарија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK