Од вкупно 13 возила колку што е планирано да се промовираат во следните пет години, Ford претстави 7.
Тоа го вклучува и хибридните верзии на познатите F-150 Пикап и Mustang во Америка, Transit Custom во Европската Унија и целосно електричен СУВ со очекуван опсег од најмалку 300 милји за глобалниот пазар.
Новите седум електрични возила кои ги најави Ford вклучуваат:
– Целосно електричен мал SUV, кој ќе се произведе до 2020 година, создаден да дава опсег од најмалку 300 милји и ќе биде произведен во фабриката во Флат Рок, а ќе се продава во Северна Америка, Европа и Азија.
– Автономно возило со висок волумен, дизајнирано за комерцијално возење или споделување на автомобилот. Ќе почне да се продава во Северна Америка. Хибридните возила ќе дебитираат во 2021 година и ќе бидат направени во фабриката во Флат Рок.
– Хибридната верзија на најдобро продаваниот F-150 Пикап ќе биде на располагање од 2020 година и ќе се продава во Северна Америка и на Блискиот Исток. F-150 Hybrid, ќе биде произведен во фабриката во Дирборн, ќе нуди автомобил со моќно влечење, товарен капацитет, но и ќе работи како мобилен генератор
– Хибридна верзија на легендарниот Мустанг кој ќе ја пренесе моќта на V8, дури и повеќе low-end вртежен момент. Хибрид верзијата на Мустанг ќе биде произведена во фабриката Флат Рок и ќе дебитира во 2020 година. За почеток ќе биде достапен само во Северна Америка.
– Транзит специјален плаг-ин хибрид (на располагање во 2019 година во Европа). Ова е автомобил произведен да помогне да се намалат трошоците на користење дури и на најфреквентните улици
– Две нови хибридни полициски возила. И двете возила ќе бидат опремени со најновата полициска опрема.
Оваа глобална хибридна формација ќе биде напојувана од EcoBoost® наместо од атмосферски мотори, со што продолжува борбата во подобрување на перформансите и економичноста на горивата.