Ford има за што да се пофали – електричниот Mustang Mach се најде во книгата на Гинисови рекорди. Заслугата произлегува од тоа што овој автомобил се покажа како најекономичен на рутата Џон O’Гротс – Лендс Инд.
Бројките кои го сместија Mach-E во оваа книга покажуваат дека електричниот автомобил успеа да помине 804 километри со едно полнење што е по 1 kWh на 10 километри.
Ова е секако големо признание за Mustang Mach-E кое Ford ќе го искористи максимално во маркетингшки цели. Во оваа насока американскиот производител ја претстави новата верзија на Mach-E инспирирана од женската воздушна единица на американската армија.
[totalpoll id=”66829″]