Американскиот производител Ford Motor и натаму работи на спроведување на глобалниот план за реструктуирање. По затворањето на неколку фабрики во САД, Бразил, Русија и намалување на бројот на вработени заедно со стеснување на асортиманот во понудата, Ford најави и нови откази за повеќе од 5.000 вработени во фабриките во Германија и Велика Британија.
Според официјалното соопштение на производителот, целта на овие отпуштања е компанијата да се врати на профитабилните патеки во Европа. Засега нема точна информација колку вработени ќе мора да се намалат во Велика Британија, но она што се знае е дека во Германија ќе бидат отпуштени речиси 5.000 вработени.
“Намалување или целосно згаснување на малку профитабилните модели” се додава во соопштението од што може да се утврди дека оваа деловна година американскиот прозиводител значително ќе ја измени понудата, особено на модели кои се произведуваат во Германија и Велика Британија. Еден од нив е и моделот C-Max кој се произведува во Келн и Сарлуис. Токму овој модел се очекува да згасне до крајот на годинава.
Покрај подобрување на профитабилноста, причина за овие чекори на Ford во Велика Британија е и најавениот Брексит т.е. излез на земјата од Европската Унија.