Ford ќе испорачува возила без некои чипови – дилерите ќе ги вградуваат во рок од една година

ОБЈАВЕНО НА:

Во обид да се справи со недостигот на делови, а сепак да ги задоволи побарувањата на купувачите, Ford ќе испорачува возила без чипови кои ги контролираат деловите што не влијаат на безбедоста на автомобилот. Како такви возила дилерите ќе може да ги продаваат. Производителот на автомобили потоа ќе ги испрати потребните чипови во рок од една година за дилерите да ги инсталираат во возилата.

Наводно, раководителите на Ford им кажале на дилерите за планот за време на состанокот во Лас Вегас. Магазинот Auto News тврди дека останува нејасно кога ќе започнат испораките на овие возила, ниту пак се знае кои конкретни модели на Ford ќе бидат погодени.

Сепак, портпаролот на Ford, спомнал дека моделот Explorer ќе биде еден од погодените модели и дека ќе се продава без задни климатски контроли, но дека функцијата може да се додаде подоцна. Оние кои ќе купат Explorer без контролите ќе добијат намалување на цената и кога ќе бидат достапни потребните делови, Ford ќе ги инсталира контролите без трошоци.

Ford претходно им понуди на клиентите опција да нарачаат модели F-150 без функцијата за автоматски старт-стоп.

Меѓу моделите погодени од недостигот на делови е Ford Bronco. Стотици модели на Bronco неодамна биле видени како се паркираат околу производствената локација на фабриката во Мичиген. Овие Bronco возила чекаат полупроводници и Ford планира да започне со нивна испорака во рок од три месеци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK