Ford во новиот Mustang воведува копче за „ТИВОК“ режим на работа на автомобилот. Новата функција ќе го скроти р’жењето на Ford Mustang GT, со што моделот од 2018 година веќе нема да ги вознемирува и буди соседите со гласното брмчење.
Повеќето нови автомобили, меѓу кои е и новиот Ford Mustang GT веќе имаат и копче за активација на „SPORT EXHAUST“ режим на работа што дополнително го зголемува нивото на гласност на автомобилот, но со новиот модел на Ford сопственикот добива и копче кое може рикот на лавот да го претвори во маче кое преде.
Всушност според најавите од автопроизводителот, со новиот режим на работа нивото на гласност се преполовува.
Идејата за тивкиот режим на работа е на Стив Фон Форстер, главниот во тимот за корисничко искуство на Ford, кому едно утро еден од соседите поради бучава му повикал полиција кога го запалил неговиот Ford Mustang Shelby GT350.
Тркачки наштимуваниот GT350 е погласен од Mustang GT, но поплаката од соседот му дала идеја на Фон Форстер кај сите идни Mustang возила да се инсталира и можност за „тивок“ режим на работа.
Возачот може сам да одбере кога ќе го вклужи новиот режим за работа. И тоа, може директно да го одбере од менито на екранот на на инструмент таблата, или однапред да намести време во кое ќе се вклучува и исклучува опцијата. На пример, возачот може да го намести автомобилот во периодот од 5 часот наутро до 9 часот секој пат да се пали и да работи во „тивок“ режим.
Нова можност за Mustang возилото кое го очекуваме во 2018 година е и таканаречениот „Drag Strip“ режим кој му овозможува на автомобилот за помалку од четири секунди да забрза од нула на речиси 100 километри во час.