RS RX изведбата на Ford Focus во сопственост на 52 годишниот Кен Блок, натпреварувач во повеќе авто-мото спортови е продаден за 200.000 американски долари преку аукција спроведена од страна на Barrett-Jackson.
Под хаубата овој спортски автомобил распоалга со 2,0 литарски турбобензински четири цилиндрен мотор кој продуцира 600 КС. Овој мотор специјално е дизајниран од М-Sport и Ford Performance.
Благодарение на овој мотор, автомобилот до стотка забрзува за две секунди.
Парите од оваа продажба ќе бидат донирани.
А Кен Блок сигурно сте го гледале во некои од неговите познати гимкани кога со возилото прави речиси невозможни работи за обичниот човек и возач.

Следете не и на:

