Ford бара 500 милиони евра гаранција од германската влада

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford побара од владата на Германија гаранција за кредит од 500 милиони евра.

Ова барање Ford го поднесе се со цел да добие гаранции кои ќе може да ги искористи кај финансиските институции, со цел да обезбеди кредит со кој ќе ги надмине финансиските потешкотии во кој се најде поради коронавирусот.

Доколку добие позитивен одговор од германската влада, тогаш Ford ќе биде првиот производител кој би добил таков вид на помош, пренесува германски Handelsblatt.

Инаку Ford својата прва филијала во Германија ја отвори уште во 1925 година и е најстариот странски производител на авотмобили во Германија. Денес покрај бројните административни центри располага и со две фабрики, едната лоцирана во Келн, а другата во Сарлуис.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK