Финале на Twingo Cup: Четворица возачи со шанси за титулата

ОБЈАВЕНО НА:

На Давид Малинковски, моментно лидерот на табелата му требаат најмалку 18 бодови од двете трки да ја освои титулата. Другите тројца ќе чекаат негов кикс и сопствен најдобра резултат.

Последните две трки од Twingo Cup што викендов ќе се возат на патеката Гробник, Хрватска ќе го крунисаат шампионот за 2021 година. Давид Малинковски, Ангелче Стојковски, Мартин Костовски и Владимир Тренески влегуваат со шанса да ја освојат титулата во втората сезона на Twingo Cup за првенството на Македонија, и покрај другото и паричната награда што ја доделува организаторот AKK Renault Sport Skopje.

Главната награда после три сезони е електрично возило renault Twizy, a на крајот од секоја сезона најдобрите добиваат и парични награди. Со трката на Гробник завршува втората сезона на Twingo Cup во која досега имаше шест трки на три различни патеки, Хунгароринг, Словакиаринг и Гробник. Поради технички проблеми не се возеше планираната трка во Серез, Грција. Со Гробник сега ќе севрши сезоната со што ќе има исвозени вкупно 8 трки.

Во игра се вкупно 40 бодови за победа (по 20 за победа на секоја трка), а моментно во генерален пласман води Давид Малинковски со 92 бода, и има 22 бода повеќе од второпласираниот Владимир Тренески (70), трет е Ангелче Стојковски (68) и четвртопласиран е Мартин Костовски (64 бода).

Малинковски е најголемиот кандидат за титулата. За освојување на титулата му требаат најмалку 18 бодови. Тој сезонава има четири победи од шест трки сезонава и три победи во серија (Словачка и двапати во Хрватска). По една победа сезонава имаат и Мартин Костовски и Владимир Тренески. Победникот на секоја трка добива 20 бода, вториот 15, третиот – 12, четвртиот 10 итн.

На Гробник сега пак ќе се возат две трки, првата во сабота од 18,05 часот, а втората во недела во 16 часот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK