Fiat пред само еден месец го најави доаѓањето на малиот кросовер Pulse за јужноамериканскиот пазар кој се базира на моделот Argo. Пред две години го претстави и концептот Fastback чија премиера треба да се случи следната година, а сега се појавија и шпекулациите за уште еден кросовер.
Се работи за компактен кросовер од “Ц” наменет исто така за јужноамериканскиот пазар, а кој ќе дојде во текот на 2023 година.
На интернет се појави и неофицијален рендер од кросоверот Toro кој за основа ја има платформата на Citroen C5 Aircross, а токму страничните детали и формата се позајмени од овој кросовер. Предниот дел во целост е пресликан од пикап моделот Toro кој веќе пет години се произведува во Бразил.
Засега нема информации дали кросовер со овие димензии ќе се појави и во европската понуда на Fiat. За потсетување, италијанскиот производител потврди дека од следната година во Европа ќе биде воведен нов кросовер од “Б” сегментот кој ќе се произведува во Полска.