Fiat со специјална едиција на моделите 500

ОБЈАВЕНО НА:

По повод 120 години од основањето, италијанскиот производител Fiat на саемот за автомобили во Женева кој започнува на 5 март ќе претстави специјална едиција од моделите од семејството 500.

Како што потврдуваат од италијанскиот производител, на саемот во Женева моделите 500, 500X и 500L доаѓаа со неколку новитети.

Така сите овие модели добиваат беџ “120” означувајќи ја 120 годишнината од формирањето. Тука е специјалната бела боја со црни браници и фелни како и предни и задни LED светла. Во ентериерот се наоѓаат новите седишта како и 7 инчен Uconnect инфотејмент систем со Android Auto и Apple CarPlay.

Во продажба овие модели доаѓаат веднаш по саемот во Женева, а достапни ќе бидат со 1.0 литарски FireFly тубо бензински мотор со 118 КС, 1.6 литарски E-torq мотор со 108 КС како и дизелските 1.3 и 1.6 литарски мотори со 94 односно 118 КС.

Во рамките на овој саем Fiat ќе го претстави и моделот Panda во т.н. “Connected by Wind” изведба како и спортската изведб од моделот Tipo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK