Fiat Pulse со први фотографии во јавноста

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во јуни Fiat ги претстави официјалните фотографии од новиот модел Pulse, но сега за прв пат овој модел е фотографиран во јавноста. Се работи за фотографија објавена од бразилските медиуми, а овој модел се сликан некаде во Бразил.

И не случајно. Овој модел ќе се произведува токму во Бразил, а ќе биде понуден на јужноамериканскиот пазар. Иако постојат шпекулации дека како таков овој модел ќе се најде и во Европа, засега истите се на ниво на шпекулации.

Развојот на овој модел се одвиваше под кодниот назив Project 363. Се темели на MLA платформата, а во поглед на димензиите, должината изнесува 4,100 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2,532 мм.

Производството ќе се спроведува во фабриката на Fiat во близина на бразилскиот град Бетим. Ќе стартува во август, а првите испораки ќе бидат испорачани во септември.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK