Fiat Panda Cross избран за најдобар кросовер

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Panda е најстариот модел во понудата на Fiat. Во континуитет се произведува од 1980 година, а во овие 40 години претставени се само три генерации. Дека не е само мал и едноставен автомобил зборува и последното признание кое го доби од страна на британскиот магазин 4×4.

Cross изведбата на овој мал автомобил ја доби наградата за најдобар кросовер во конкуренција на сите кросовер модели. Наградата следи откако претходно се појавија и првите неофицијални рендери од можниот изглед на четвртата генерација на овој модел.

Овој магазин додели и две награди на роднините од брендот Jeep. Така моделот Jeep Wrangler е победник во категоријата на теренски воизла со исклучиви перформанси.

Награда спонзорирана од BFGoodrich доби и Jeep Renegade и тоа во категоријата на најдобар мал кросовер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK