Fiat го откри ентериерот на моделот Pulse

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat во јуни премиерно го претстави субкомпактниот кросовер Pulse наменет за пазарот во Јужна Америка. Тогаш беше претставен екстериерот, а сега италијанскиот производител ги објави првите фотографии од ентериерот.

Од она што може да се види од фотографиите е тоа дека се работи за целосно нова внатрешност на Fiat која дебитира кај овој модел, а каде доминира централно поставениот екран осетлив на допир и полу-дигиталната инструментална табла.

Инаку овој модел се базира на MLA платформата, а во поглед на димензиите, должината изнесува 4100 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2532 мм. Производството, иако се пишуваше дека ќе стартува следната година, сепак ќе започне уште овој месец во фабриката на Fiat во близина на бразилскиот град Бетим, а првите испораки ќе бидат испорачани во септември.

Foto 7 do Fiat Pulse

Во Европа Fiat ќе лансира кросовер со вакви димензии кој ќе се произведува во Полска. Останува нејасно дали тоа ќе биде истиот овој модел или ќе биде претставен целосно нов.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK