„Француски Дизелгејт“ – Peugeot ќе плати кауција од 10 милиони и ќе даде гаранција од 30 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Две други подружници на Stellantis, а тоа се Automobiles Citroën S.A. и FCA Italy S.p.A, се повикани да се појават пред Судот во Париз, на 10 јуни, односно во јули, како дел од истата истрага.

Германски Volkswagen го чинеше милијарди аферата „Дизелгејт“ за продавање на дизел возила кои испуштаа повеќе штетени гасови од дозволеното. Но, освен германските компании, истрагата за продавање на „валкани дизели“ продолжи и кај другите производители. Во Франција веќе се водат судски истраги, а Stellantis имаше и официјално соопштение поврзано со Peugeot, што е дел од концернот.

Во соопштението се вели дека „како дел од судските истраги на неколку производители на автомобили започнати во 2016 и 2017 година, Automobiles Peugeot SA, подружница во целосна сопственост на Stellantis NV, била ставена на испитување од Судскиот суд во Париз, под обвиненија за измама на потрошувачи во врска со продажбата на дизел возила „Еуро 5“ во Франција помеѓу 2009 и 2015 година“.

Како што е типично во истрагата за криминал во Франција, Peugeot SA ќе мора да плати кауција од 10 милиони евра (од кои 8 милиони за потенцијална исплата на штети и казни и 2 милиони да обезбеди за застапување на компанијата на суд) и ќе мора да обезбеди банкарска гаранција од 30 милиони евра за потенцијална компензација за загубите, се вели во сооштението./

Две други подружници на Stellantis, а тоа се Automobiles Citroën S.A. и FCA Italy S.p.A, се повикани да се појават пред Судот во Париз, на 10 јуни, односно во јули, како дел од истата истрага.

Овој формален чекор во судската истрага ќе им овозможи на истражените страни да имаат целосен пристап до документите на случајот и ќе им даде можност да се бранат од наводите што сè уште не биле оценети во контрадикторните постапки. Компаниите цврсто веруваат дека нивните системи за контрола на емисиите ги исполнуваат сите применливи барања во соодветните времиња и продолжуваат да го прават тоа и се радуваат на можноста да го покажат тоа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK