Ferrari никогаш нема да го премести производството од Маранело, Италија, изјави извршниот директор на компанијата Бенедето Виња на конференцијата во Њујорк организирана од Ројтерс.
Виња ова го изјави како одговор на прашањето дали Ferrari ќе размислува за производство во САД. „Ќе продаваме автомобили во САД, но ќе правиме автомобили во Маранело“, рече тој.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп за време на неговата кампања вети дека ќе воведе царини за увоз. Откако победи на изборите, тој предложи царина од 25 отсто за увозот од Мексико и Канада, како и дополнителни 10 отсто за кинеските производи.
За разлика од масовните брендови, Ferrari зазема позиција каде побарувачката за неговите возила обично ја надминува понудата. Неговите клиенти, исто така, генерално не се ценовно чувствителни, имајќи предвид дека моделите на Ferrari се продаваат за стотици илјади долари.
Нашата книга за нарачки е доста полна“, рече Виња на конференцијата. „[Трамп] одлучува што да прави [во САД], ние ќе се справиме со тие нови правила“.