Ferrari уште минатата година објави дека својата понуда ќе ја зголеми со првиот SUV под овој бренд, но сега ги открива и првите официјални информации за моделот Purosangue.
Она што прво го откри е дека овој модел ќе се појави пред 2023 година, но не прецизираше за конкретна година иако италијанските медиуми тврдат дека светската премиера ќе ја има во 2021 година, а во производство и продажба ќе се појави во 2022 година.
Ferrari открива дека ќе се темели на истата платформа како и F8. Архитектурата ќе поддржува V6, V8 и V12 мотори како и plug-in хибриден погон.
Секако, ќе има четири седишта, препознатлив спортски дизајн и напредна технологија. Повеќе детали се очекуваат во наредниот период кога ќе бидат откриени и моторите кои ќе бидат дел од понудата.