Ferrari 290 MM продаден за 22 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Уште една аукција за Гинис! Главната улога ја има Ferrari 290 MM од 1956 година и непознат колекционер кој искешира 22.005.000 американски долари.

Овој спортски автомобил е конструиран во далечната 1956 година од страна на компанијата Scaglietti, а зад воланот на овој примерок се најдоа легендарните Хуан Мануел Фанџо и Сер Стирлинг Мос.

Како што се наведува, овој автомобил е четвртиот и последен примерок воопшто произведен. На тркачите патеки дебито го имал во 1956 година на легендарната трка Mille Miglia. Со овој автомобил тогашните возачи завршиле на втората позиција на генералниот пласман. Изворно, под хаубата на овој автомобил се наоѓал 3.5 литарски четирицилиндрен бензински агрегат за подоцна да е вграден нов V12 мотор.

По “пензионирањето” овој автомобил беше изложен во музејот на Ferrari во италијанските градови Маринело и Модена. Сепак, иако продаден за 22 милиони долари, рекордот кога е во прашање Ferrari го држи повторно автомобил од оваа моделска изведба кој во 2015 година е продаден за 28 милиони американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK