Ferrari 250 GTO сега вреди и повеќе од злато

ОБЈАВЕНО НА:

Златото повеќе не е највредниот ресурс и најстабилната инвестиција. Од пред неколку дена највредното нешто е Ferrari 250 GT.

Како? Многу едноставно! Овој автомобил од 1962 година во август минатата година на аукција организирана од страна на RM Sotheby беше продаден за вртоглави 48,405,000 милиони американски долари.

Така доколку оваа вредност се подели на тежината од 880 кг во просек се добива износ од 55 американски долари по грам од Ferrari 250 GTO.

Од друга страна, последната вредност на златото изнесува 1,237.48 долари по унца или 39.78 долари по грам. Со ова вредноста на злато по грам е далеку помала од вредноста на овој класичен спортски автомобил.

Сепак и покрај тоа што од ден на ден вредноста на овој автомобил значително се зголемува, златото и натаму останува најодржливата инвестиција пред се поради фактот што физичко-хемиските својства се стабилни, за разлика од автомобилот кој бара постојано одржување. Оттука нашиот совет е, доколку имате пари сепак да инвестирате во злато.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK