Случајот “Magneti Marelli” конечно доби разврска. Откако FCA пред речиси една година започна со планот за продажба на оваа компанија која функционира во рамките на FCA, сега конечно е официјализирана продажбата.
За сума од речиси 7,1 милијарди долари, FCA го продаде овој гигант на Calsonic Kansei. Овој јапонски производител на делови за авто индустријата е во сопственост на KKR од САД, кој во 2016 ја откупија компанијата од страна на Nissan, веќе неколку месеци се наведуваше како најсериозен купувач, а сега конечно станува и сопственик на еден од најголемите италијански производители на делови за автоиндустријата.
Оваа купопродажба ќе ја создаде компанијата Magneti Marelli CK Holings која сега ќе биде 10от најголем добавувач на авто делови на автомобилската индустрија.
Претходно интерес за оваа компанија изрази и Samsung, а во моментов интерес има и од Bain Capital, Apollo Global Management како и неименувана азијска компанија за производство на делови за автоиндустријата.
FCA се реши за продажбата на оваа профитабилна компанија пред се со цел да обезбеди прилив на средства со кои ќе се финансира имплементацијата на новата развојна стратегија, но и со цел да се фокусира исклучиво на производството на автомобили.