Фатен новиот VW Passat – доаѓа со овие измени (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе подолго време Volkswagen го најавува новиот Passat. Во меѓувреме на интернет се појавија првите шпионски фотографии од новиот автомобил кој во моментов се тестира на снежни услови.

Од полу маскираниот автомобил може да се утврди дека истиот е без значителни екстериерни промени. Формата е идентична како и актуелниот модел. Она што е најавено како ново се три димензионалните LED предни и задни светла на екстериерот.

Во поглед на ентериерот, новиот Passat доаѓа со најновиот инфотејнмент систем на Volkswagen, ист како што поседува и актуелната генерација на Tiguan и Touareg како и претходно претставениот Arteon.

Неофицијално се дознава дека новиот Passat ќе има поголеми димензии како и нови мотори, а во понудата е плаирано да дојде и електрична изведба.

Овој модел во понудата на VW е воведен уште во 1972 година и еден од најстарите. Актуеланта генерацијата е претставена во 2015 година, а како што е од претходно потврдено, производството на новата генерација ќе се спроведува во фабриката на Skoda во чешкиот град Млада Болеслав.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK