Фатен “европскиот” Kia Sportage

ОБЈАВЕНО НА:

Kia на 8 јуни годинава ја претстави петата генерација на моделот Sportage. Новата генерација, која се базира на N3 платформата беше претставена без многу детали, како за глобалната така и за европската верзија.

Холандскиот сајт autoblog.nl објави неколку шпиунски фотографии од новата генерација снимена на европска територија. Може да се забележи дека европската верзија нема разлики во однос на онаа која беше претставена минатиот месец.

Но тоа околу визуелноста. Во поглед на техничките карактеристики нема многу податоци за тоа со какви мотори и други технички карактеристики ќе биде понудена во Европа. Потврден е само 1,6 литарскиот бензински T-GDi I4 мотор, и покрај тоа што за овој модел, јужнокорејскиот производител го резервираше и 2,0 литарскиот дизелски мотор.

Во слободна продажба во Европа се очекува да се појави кон крајот на годинава. Нејасно е дали ќе се произведува во Словачка или ќе биде увезуван од Јужна Кореја.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK