Евтиниот електричен автомобил на VW доаѓа после 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Малиот и евтин електричен автомобил на Volkswagen, кој ќе чини помалку од 20.000 евра, може да стане реалност во втората половина на деценијата, изјави вчера извршниот директор на германскиот автомобилски концерн Оливер Блуме на конференција, цитиран од Ројтерс.

Volkswagen сè уште не одлучил за производството на она што се смета за духовен наследник на електричниот градски автомобил e-Up!, но Блуме е уверен дека компанијата може да стигне до производство после 2025 година.

Volkswagen има намера да лансира сериска верзија на ID. 2all со цена под 25.000 евра до 2025 година, кој наводно ќе има опсег од 450 километри и ќе може да се полни од 10% до 80% за околу 20 минути.

„Ние имаме одговорност да ги пласираме вистинските производи по вистинска цена“, рече Блуме. .

Следете не и на:

24AUTO NETWORK