Европјаните најмногу го сакаат хибридниот модел Porsche Panamera

ОБЈАВЕНО НА:

Новата хибридна верзија на Porsche Panamera бележи далеку поголеми бројки на заинтересираност кај купувачите од она што се сметаше при нејзиното пуштање во продажба во Европа, а во моментов тие се околу 60 проценти поголеми од оние на луксузниот модел.

Најголемата заинтересираност е во покажана во Белгија и во Норвешка каде што бројките се стигнати до дури 90 проценти. Потоа следуваат Финска (85%), Австрија (над 80%) и Франција (70%).

Плаг-ин хибридната верзија на Porsche Panamera, има електромотор со моќност од дури 680 коњски сили, а има четирицилиндричен V8 мотор. Може да помине 50 километри само со електромоторот, а од 0 до 100 километри на час успева да развие за 3,4 секунди. Максималната брзина е 310 километри на час.

Следниот чекор во Porsche ќе биде развојот на целосно електричниот модел Mission E. Првите информации за овој модел говорат дека автомобилот ќе има можност за поминување на 500 километри со едно полнење, батеријата ќе може да се наполни до 80 проценти за само 15 минути, а од 0 до 100 километри на час ќе може да развие за 3,5 секунди.
Инвестицијата на Porsche во проектот Mission Е ќе биде околу 1 милијарди евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK