Europcar ja одби понудата од 2,2 милијарди евра Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот гигант Volkswagen доби негативен одговор од Europcar во однос на понудата за преземање на оваа компанија, пренесоа француските медиуми.

Во веста се наведува дека Volkswagen понудила 44 центи по акција со што вкупната сума на понудата за купување изнесува околу 2,2 милијарди евра.

Со купувањето на оваа компанија германскиот производител сака да ја засили диверзфиикацијата на своите бизнис активности, но и преку мрежата на Europcar да ги пласира своите возила на рент-а-кар пазарот што секако ќе има двоен ефект: обезбедување алтернативен приход и зголемена продажба на автомобили од Volkswagen Групацијата..

Инаку Europcar е една од најстарите рент-а-кар компании во светот. Формирана е во 1949 година од страна на Раул Луис Матеи во Париз, Франција. Услугите на компанијата се достапни во 140 земји ширум светот, а брои и над 8 илјади вработени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK