Ерата на електричните возила почнува во 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните автомобили во Европската унија би требало да го преземат приматот над возилата со мотори со внатрешно согорување веќе во 2025 година. Согласно договорот од Париз пазарниот удел на електричните возила би требало да достигне до 50 проценти до 2030 година, но застапниците на секторот за мобилност се оптимисти дека електромобилноста ќе преовладува и порано.

На патиштата во Европската унија денеска сообраќаат 308,4 милиони возила кои се движат со мотори со внатрешно согорување. Во меѓувреме амбициите на европскиот зелен договор се до 2025 година да има милиони станици за електрични возила (денес ги има 140.000), а на патиштата треба да има 13 милиони електрични возила (денес ги има 975.000).

„Европската комисија има зацртано дека мораме до 2050 година да станеме енергетски неутрални, за да ги исполниме обврските од договорот од Париз. Нашите нацрти новата Европска комисија ќе ги вклучи во Европскиот зелен договор. Дел од договорот е електрификацијата на превозни средства. До 2025 година сакаме да поставиме милион станици за полнење, а на патишрата би требало да има 30 милиони електрични возила“, вели Филип Фангел, кој е генерален секретар за организација на електромобилноста (AVERE).

Тој вели дека е добра вест тоа што европската мрежа станува сè позелена и дека електричните возила секоја година стануваат сè позелени. Според неговите зборови, иако пазарот на електрични возила расте, клучот на успехот е батерија. Трошоците за батеријата паѓаат,а дометот почнува да се зголемува.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK