Електрично возило што се полни за само 15 минути

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот проблем на електричните возила е полнењето и брзината. Во моментов полнењето гориво е побрзо од полнењето струја. Но, и тоа се менува. Револуцијата доаѓа повторно од Кина.

Тие претставија теренец кој ја носи ознаката G9 и е практично електричен автомобил со најбрзо полнење во светот.

Според компанијата XPeng, новитетот ќе има најбрзо полнење на пазарот. Поточно, автомобилот ќе може да се полни од 10 до 80% за само 15 минути. Во исто време, за патување од 200 километри, струјата ќе се надополни за само 5 минути.

Ова рекордно полнење беше постигнато со полнач од 480 kW. За споредба, во САД максималната дозволена моќност на станицата за полнење е 350 kW, што, меѓу другото, го забавува надополнувањето на енергијата кај електричните автомобили.

На добар пат се компаниите да го решат и ова прашање, за што секако треба и време и технологија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK