Електричниот Ford F-150 Lightning може да ја напојува куќата три дена со струја (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Американски Ford ги објави првите официјални детали, фотографии и видео од неговиот нов и 100% електричен F-150 LIGHTNINGГ, што ќе биде достапен на пазарот веќе следната пролет. Електричната верзија на најпродаваниот пикап во Америка за изминатите 44 години ветува моќност до 563 КС, возбудливо управување, модуларност, вклучувајќи товарен простор под хаубата со капацитет од 400 литри.

FORD F-150 LIGHTNING, чија основна цена започнува од 39.974 долари и 52.974 долари за верзијата XLT, е во состојба да понуди можност за забрзување од 0 до 96 км / ч за нешто повеќе од 4 секунди.

Електричниот пикап, може да се резервира со депoзит од само 100 американски долари, исто така ветува силни теренски перформанси со погон на четири тркала, дополнителна заштита на подот и избор на четири режими на однесување – Normal, Sport, Off Road и Tow

Новиот модел дури и решенија за високотехнолошко поврзување, систем за автономна контрола BlueCruise , иновативен систем за инфо-комуникација и навигација со голем вертикално позициониран 15,5-инчен екран, сериозни можности за употреба на електричниот автомобил како извор на електрична енергија во работното опкружување и во итни случаи преку новиот систем Ford Intelligent Backup Power, интегриран систем за индикативно мерење на товар и други.

https://youtu.be/Zxe352yOYyk

F-150 Lightning со продолжена можност на батеријата нуди забрзување од 10 до 96 км/ч. за нешто над 4 секунди. Најмоќната верзија има 563 КС, додека стандардната батерија ќе нуди 426 КС. Пакување од две литиум-јонската батерија ќе бидат опција, и основниот модел ќе може да мине околу 370 км., а посилната батерија околу 482 км.

Во зависност од батеријата со возилото доаѓа и различен полнач, од 11,3 kW до 19,2 kW. како опција може да се добие и 48А куќен полнач со кој батеријата од 15 до 100 проценти може да се наполни за околу 10 часа. Оние со посилна батерија ќе добијат 80А куќен полначи со него батеријата од 15 до 100 проценти може дома да се наполни за околу 8 часа. Користејќи 150 kW брз полнач, ќе ви требаат околу 41 минута да го наполните до 80 отсто.

Интересно е што ако ја имате посилната батерија тогаш струјата пто ја има може да се користи за напојување на сите домашни потреби цели три дена. Во внатрешноста на моделот има до 11 различни места за приклучување на различни предмети, од ТВ, звучници, електрични велосипеди па до електрични дупчалки.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK