Cupra објави дека на 25 мај ќе се одржи светска премиера на првиот бренд во историјата на брендов на целосно електричниот автомобил Born.
Од CUPRA најавуваат дека Born ќе понуди вистинско задоволство за време на управувањето бидејќи електромобилот ќе биде опремен со адаптивна спортска суспензија, како и со спортско оптимизирана програма за електронска табилизација.
Во опремата на CUPRA Born ќе бидат вклучени исто така и проекциски (head-up) екран, системи за поврзаност и најновото, со кое располага компанијата, во областа на системите за зголемување на безбедноста на патот и асистирањето на управувањето.
Од Cupra ветуват една нестандардна онлајн премиера за Born, која ќе може да биде проследена во живо од секој следбеник на каналот на Youtube на брендот.